-->
-->
Спречен шверц на над 100 парфеми во вредност од 240 илјади денари
-->
Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царински службеници на влез на граничен премин Табановце откако возач на автобус без да ги пријави се обидел нелегално да ги внесе во државата, соопштија од Царинската управа.
„На прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детална контрола при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои што возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари“, се наведува во соопштението од ЦУ.
Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Викендов над 100.000 патници оствариле влез и излез од ГП Табановце
-
Три жртви во железничка несреќа во Србија
-
Кривичен суд: Одговорноста за бегството на Блерим Рамадани треба да се бара кај органот кој го врши надзорот
-
Автомобил и мотор се судрија во Ченто, едниот возач е тешко повреден
-
Тешка сообраќајна несреќа во тетовско - Повредени седум лица
-
Министерот Тошковски позитивен на Ковид-19
-
Велешанец нападнат во казино