Балкан
19. August 2024 - 14:39

Три жртви во железничка несреќа во Србија

Три лица загинаа, а едно лице е тешко повредено откако воз удрил во автомобил на железнички премин во селото Петка кај Лазаревац околу 12:45 часот, јавија српските медиуми.

Возот сообраќал на релација Пријепоље-Белград.

Во моментов железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин.