Македонија
19. August 2024 - 12:52

Автомобил и мотор се судрија во Ченто, едниот возач е тешко повреден

Автомобил и мотор се судрија вчера на улицата Финска во Ченто, Скопје.

Во несреќата учествувале мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(43) од селото Арачиново, скопско и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид.