Спречен обид за атентат врз Ердоган
Грчките медиуми јавуваат дека при крајот на ноември полицијата уапсила деветмина турски левичари кои планирале да го ликвидираат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина.
Уапсените се припадници на Револуционерниот народен фронт (ДХКП-Ц), турска комунистичка група, која е прогласен за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили и западните дипломати во Турција.
Како што објави весникот „То Вима“, групата подготвувала напад со ракетни фрлачи, рачни гранати и запаливи бомби. Според планот, групата сакала да стрела врз возилото на Ердоган при неговото движење кон Атина. Оружјето било пронајдено закопано во планина источно од Атина.
Ердоган ја посети Грција на 7 декември, што беше прва посета на турски претседател на Грција во последните 65 години.
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден