Спор меѓу Земан и чешкиот министер за култура поради Далај Лама
Денешниот ден, кога се прославува создавањето на Чехословачка во 1918 година, Чешка го одбележува во најнапната атмосфера досега, јави дописникот на МИА од Прага.
Државниот празник, минува во сенка на големиот спор, во кој се споменува претседателот на државата Милош Земан и неговото наводно откажување да му додели државно признание на Јиржи Бради, познат публицист, кој преживувајќи ги концентрационите логори во Терезин и Аушвиц, целиот свој живот го посветил на пишувања и предавања за ужасите на Холокаустот.
Наградата, за која Бради тврди дека му била најавена од Кабинетот, нема да му биде доделена, наводно поради тоа што неговиот внук, актуелниот чешки министер за култура Даниел Херман се сретнал со тибетскиот духовен лидер Далај Лама при неговата посета на Чешка.
Изјавата на Херман дека претседателот на државата Милош Земан лично го повикал да ја откаже средбата со тибетскиот лидер и во спротивно му се заканил дека на неговиот чичко Јиржи Бради нема да му го даде планираното одликување, предизвика лавина од незадоволство на истакнати политичари и јавни личности.
Покрај официјалната церемонија на која вечерва претседателот Земан ќе ги додели државните награди, закажана е паралелна прослава на Стариот плоштад во главниот ќешки град, на која присуство најавија актуелни политичари и личности од јавниот живот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници