СПМ загрижена од договорот меѓу СДСМ и ДУИ
Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) денеска изрази длабока загриженост од, како што се наведува во соопштението, нетранспаретното договарање меѓу СДСМ и ДУИ за обезбедување на потребните пратенички потписи за добивање мандат за формирање на Влада.
- Од она што е неофицијално обелоденето од повеќе извори, а особено со извесувањата на ДУИ, договорени се и прифатени за реализација сите цели соддржани во тиранската Платформа кои длабоко задираат во уставното уредување на Република Македонија, кои ги поткопуваат темелите на македонскиот национален идентитет и држава. Оваа загрженост деновиве не ја чувствува само СПМ туку и целиот македонски народ и граѓаните, стои во соопштението.
Од СПМ нагласуваат дека нашата историја не познава каков било геноцид врз албанскиот народ што е причина повеќе против намерата на СДСМ како партија да се навраќа во минатото и да ја прекројува историјата со барање за прифаќање резолуција во Собранието.
- Македонскиот народ никогаш не бил геноциден, ниту кој било друг ентитет кој живее во Република Македонија и отворањето на оваа тема со себе носи големи опасности. Таа длабоко ќе ги загрози маѓунационалните односи во РМ, како изградена мултиетничка држава и ќе има последици во дополнителното регионално усложнување на ситуацијата на политички и економски план со Република Србија и Република Бугарија, како и со етничките заедници кои живеат во Република Македонија, за што сета историска одговорност од последиците за Македонија ги има исклучиво СДСМ, стои во соопштението.
Затоа СПМ бара потписниците на договорот на претседателот на републиката да му го достават оригиналниот текст од договорот и да излезат јавно да им соопштат на македонските граѓани и народ за се што договориле и за се што е прифатено од тиранската Платформа за да може народот да оцени каде тие не водат и во кој правец со својата неодговорност ќе ја однесат државата.
Ново на Сител
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%