СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски секогаш бара вина кај другите за неуспесите и грешките што се случиле.
За неуспехот во напредокот кон евроинтеграцијата без срам ја обвинува опозицијата. Неговите бугарски пријатели брскрајно ги сака да бидат како поддржувачи на процесот и покрај нивно вето и уцените за бугаризација на Македонија што тој ги прифаќа.
Пендаровски не споменува дека криминалот и корупцијата, уништеното судство и обвинителсто и неисполнетите критериуми за членство се пречките со кои тој како претседател не се занимавал, туку чека друг да ги реши.
Признава дека можело и подобро да владее гарнитурата на СДС и ДУИ но повторно опозицијата му е крива за грешните политики, за осиромашувањето на граѓаните, за криминалот и корупцијата, за штетните закони и меѓународни договори што тој ги поддржа.
Цени дека опозицијата нема шанси во изборите дека тој ќе победи и затоа шири навреди и невистини кон противкандидатите. Пендаровски е против повторното преговарање за штетните договори за кои без срам се фали дека учествувал во нивното подготвување.
Социјалртичката партија на Македонија укажува дека овој самобендисан човек нема капацитет да ја води државата што се потврди во неговиот истрошен празен мандат, во кој, освен оговарање, не сработи ништо за државата, за нејзиното единство и за нејзината стабилност и напредок.
Затоа не треба да се гласа за Пендаровски туку за кадрите предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицковски за премиер, заедно со листите за пратеници на Коалицијата.
Социјалртичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари