СПМ: Ковачевски во континуитет непримерено ја потценува опозицијата
Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавата на премиерот Ковачевски сметајќи ја за неодмерена и целосно погрешна. Ова е проддолжение на серијалот изјави со кои Ковачевски во континуитет непримерено ја потценува опозицијата, но и целокупната македонска јавност.
Социјалистичката партија на Македонија ја оценува за несериозна претпоставката на Ковачевски за можноста ветото на Македонија на патот кон ЕУ да дојде од внатре од опозицијата.
Доколку на изјавата и се посвети внимание тогаш
Ковачевски на целата јавност и должи сериозен одговор. Дотолку повеќе што ова го изјави во Дипломатската академија Виена, што претпоставува елементарно сериозен однос и кон институцијата.
За разлика од Ковачевски, Социјалистичката партија на Македонија смета дека ветото доаѓа токму од неодговорната и неспособна Влада со која формално тој раководи.
Ќе потсетиме дека ниту нелегитмниот Ковачевски, ниту неговите пратеници, а особено одговорните пратеници од опозицијата немаат мандат за било како менување на Уставот.
Понатаму, минатата година Ковачевски со најприземни лаги ја манипулираше јавноста за соддржината на ткн.француски предлог, безпоговорно прифаќајќи го условувањето од источниот сосед за менување на Уставот.
На Ковалевски бездруго му е свежо сеќавањето на принципиелното барање на опозицијата за елементарна информација дали и што се преговара.
Ќе го потсетиме дека опозицијата беше целосно исклучена од тој процес и воопшто не учествуваше во него, ниту пак се согласи и ниту гласаше за предлогот.
Оттаму е нејасно врз која основа Ковачевски очекува кооперативност на опозицијата која жестоко се спротивставува на безумната политики на тандемот Османи-Ковачевски и погубните решенија и предлози кои ги нудат.
Конечно, доколку некој работи против зачленувањето на Република Македоноја во ЕУ тогаш тоа е Владата на ДУИ и сателитот СДС.
Маските оддамна се паднати, оваа групација на безкрупулозни криминалци и профитери не смее понатаму да учествува во било какво одлучување за иднината на Македонија, затоа што патот по кој оди води кон национално и државно беспаќе.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица