Спасовски: Одлуката на ЕУ во март да ја гледаме исклучиво низ призмата на иднината на државата
Одлуката што ЕУ треба да ја донесе во март во однос на отпочнувањето преговори за членство, исклучиво можеме да ја гледаме низ призмата на иднината на оваа држава. Ако таа се поврзува и помеѓу политичките субјекти, партиите.., мислам дека не треба или тешко на тој политичар кој смета дека националните интереси број еден во државата не треба да се остварат. Едно е да имате декларација дека се залагате за ЕУ и за НАТО, а второ е нешто и да направите во однос на остварување на овие соништа.
Ова денеска го изјави премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата на новинарско прашање дали датумот што земјава го очекува во март, има врска со изборите што ќе се одржат во април.
Според него, датумот што го очекуваме за почеток на преговорите има врска со оваа држава, со иднината на оваа држава и со граѓаните на државата, посочувајќи дека граѓаните во сите овие 29 години од независноста дадоа многу жртви преку реформите, преку транзицијата, и преку се она што се случуваше во македонското општество со цел остварување на националните интереси.
– Ние како граѓани, како генерација сега треба да бидеме среќни заради тоа што го живееме тој сон на којшто се фундираше македонската државност. И затоа сметаме дека одлуката која што беше на Европскиот совет во октомври е одлука која што апсолутно не разочара сите нас како граѓани зборувам, меѓутоа ние немаме право на разочарување како Влада, туку напротив сме мотивирани уште повеќе да ги исполниме тие приоритети, да дадеме уште повеќе позитивни аргументи на секоја држава земја членка која што ќе носи одлука, посочи Спасовски на прес-конференција во Владата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето