СП Ракомет: Македонија во најтешката група
Македонија доби извонредно тешка група на следното Светско првенство што ќе се игра во јануари наредната година во Германија.
Група Б (Минхен - „Олимпијахале“)
Шпанија, Хрватска, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Бахреин, Јапонија
Група Ц (Хернинг - „Јуске Банк Боксен Арена“)
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д (Копенхаген - „Ројал Арена“)
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола
Шампионатот ќе се игра од 9 до 27 јануари, a Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген ќе бидат домаќини на дуелите од прелиминарната фаза. Во главната фаза, натпреварите ќе се играат во Келн и Хернинг, додека полуфиналињата ќе бидат одиграни во Хамбург, а финалето во Хернинг.
Ова ќе биде шести настап за Македонија на Светските шампионати, а четврти по ред. Најдобриот пласман го имавме во Катар 2015 година, деветтото место, додека на последниот Мундијал во Франција го освоивме 15. место.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново