Советот на општина Пустец ги отфрли амандманите за постоење Бугари во Албанија
Советот на општина Пустец, на денешната седница, со која раководеше претседателката Ирена Василовска, донесе едногласна одлука за отфрлање и не прифаќање на делот од прогрес-извештајот за интеграција на Албанија во Европската унија, каде се споменува и се бара признавање на „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живеат Македонци.
- Не само во регионите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, туку и на териоријата на цела Албанија, ниту живееле ниту живеат Бугари. Тие се Македоци и ништо друго. Тоа е голема невистина, рече Василовска.
Меѓу другото, во одлуката на Советот на општина Пустец, стои и податокот дека и на последниот попис од 2011 година што беше одржан во Албанија, во општина Пустец окулу 3.500 постојани жители се декларираа како Македонци и ниту еден како Бугарин.
На седницата присуствуваше и градоначалникот Едмонд Темелко.
- Не треба да Ви кажувам ни Вам ни на никого во Албанија, зашто сите добро знаете, дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско, кое е официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голо Брдо и Гора. Македонците во Албанија не се Бугари и напорите за признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината, рече Темелко.
Тој додаде дека во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и ромско-египќанско малцинство, но не и бугарско.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?