Совети за поцврста врска
Односите меѓу двајца треба да бидат безбедно место каде што партнерите ќе може да ги споделат своите замисли, соништа, љубов, ранливост. Но, кога има постојани конфликти, недоразбирања или емоционална оддалеченост, темелите на врската се нестабилни. Емоционалната сигурност и поврзаноста може да се врати преку неколку „клучни стратегии“, според психологот-терапевт Џефри Бернстин од американската сојузна држава Пенсилванија. Тој сподели три начини за подобрување на врската или бракот.
1. Дајте ѝ приоритет на емпатијата пред егото
Во мигови на конфликт, лесно е да докажете дека сте во право. Но, тоа само го зголемува растојанието и недовербата меѓу партнерите. Наместо тоа, се вели, важно е да ги препознаете емоциите на другата страна и да му пристапите на разговорот со разбирање. Емпатијата создава простор за искрена комуникација и го намалува „одбранбениот став“. Слушањето со цел да се разбере, а не да се одговори, е клучно за враќање на емоционалната безбедност.
– Враќањето на емоционалната безбедност бара напор и свесно вложување во врската. Со фокусирање на емпатијата, ранливоста и почитувањето на границите, можно е да се изгради врска каде што партнерите се чувствуваат безбедно, сакано и поврзани, објаснува Бернстин.
2. Простор за ранливост
Кога сме веќе тука, таа емоционална безбедност се гради кога партнерите чувствуваат дека можат отворено да ги споделат своите стравови и чувства без осуда.
– Ранливоста не е знак на слабост, туку ги поврзува партнерите на подлабоко ниво. Кога едниот партнер се отвора, другиот има можност да обезбеди поддршка и разбирање, со што ќе ја врати довербата и ќе создаде автентична врска, појасни Бернстин.
3. Граници на почит
Разумно и здраво поставените граници им овозможуваат на двајцата во врска да се чувствуваат почитувани и безбедни во врската. Покрај тоа, границите помагаат да се разберат потребите на двајцата партнери и да се спречи повреда или чувство на занемарување. Советите говорат дека отворениот разговор за очекувањата и компромисите за заедничкото време и личниот простор се клучни за создавање стабилна, поддржувачка и цврста врска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален