Сореца: Реформата е единствениот пат што ја води Албанија во ЕУ
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, на „Твитер“ напиша дека ЕУ останува цврсто определена во својата заложба да го донесе албанскиот народ во Европа.
-Заложбата на Европа за интеграцијата на Албанија во ЕУ останува цврста. ЕУ ќе продолжи силно да го поддржува патот на Албанија кон ЕУ, да го донесе албанскиот народ во семејството на кое му припаѓа, напиша Сореца,пренесе тиранската телевизија Ора Њуз.
Сореца ги повика албанските власти да продолжат да се фокусираат за продолжување на реформите „многу повеќе за нивната земја и граѓаните, отколку за Европа“, додавајќи дека изборната реформа е единствениот пат што ја носи Албанија во ЕУ.
-Албанските власти мора да продолжат да се фокусираат на реформскиот процес, единствениот пат што ќе ја одведе Албанија до нејзината дестинација. Не за ЕУ, туку за Албанија и за сите нејзини граѓани, за напредокот на земјата кон највисоките стандарди кога станува збор за демократијата, напиша евроамбасадорот Сореца
Ново на Сител
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина