Сообраќајот тековно по влажни коловози, снег на Шапка, Маврово и Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово и Стража кој во не се задржува на коловозот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2020 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот