Македонија
12. January 2025 - 12:24

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информираа од ЈП Македонијапат.

Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци, Гостивар-Маврово-Дебар,Гостивар-Стража-Кичево,на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и Делчево – ГП. Делчево.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ЈП Македонијапат, стои во соопштението, со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, а дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.