Македонија
12. January 2025 - 16:52

ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче

Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари.

За разлика од минатите години кога снегот беше прилика СДС да краде, сега институциите делуваат. Наспроти голата реторика на СДС и Филипче, еве ги фактите:

Битолската подружница има поставено 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Штип, Берово, Кочани и Делчево 300м3 сол и ризла.

Згрозени сме од лешинарската политика на СДС и Венко Филипче.

Тие од снежната бура прават политика, што само потврдува дека тонат во сопствената безидејност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ