-->
-->
Сообраќајот кај Љубаниште сеуште се одвива наизменично
-->
Сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум кај селото Љубаниште се уште се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.
Синоќа овој дел го зафати невреме со дожд и град кое предизвика свлечиште на овој патен правец.
Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски вчера во изјава за МИА посочи дека лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.
- Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот, изјави вчера Темелкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива