Сообраќајка помеѓу автобус и три автомобили во Сопиште
На 23.10.2020 во 18,20 часот било пријавено дека во скопксо Сопиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(36) од Скопје, патничко моторно возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Ѓ.(70) од Скопје и автобус „лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(40) од Скопје.
Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото „матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот