Сообраќаен режим ноќеска во дел од Тетово поради снимање филм
Oд 19 часот вечер до 6 часот утре во Тетово ќе има сообраќаен режим поради снимање филм. СВР Тетово информира дека сообраќајниот режим ќе биде воведен на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“.
Режимот во сообраќајот во наведениот период ќе биде регулиран и контролиран од полициски службеници.
За сообраќајниот режим соопшти и продукциската куќа што го снима филмот - „Ендер Јампимчиклик филм“ со седиште во Истанбул, заедно со сервисната продукција ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.
-Во Тетово ќе се снимаат дел од сцените на филмот со наслов „Мирис на минатото“ во режија на Серкан Озарслаан. Филмот веќе подолг период се снима во Тетово и Скопје и, по премиерата во Турција, планирано е да има премиера и во Македонија. Во филмот глумат познати актери од Турција, како и од нашата земја, се наведува во соопштението на ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала