Македонија
15. September 2024 - 14:24

Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и трактор се случила вчера на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влезот за селата Добрушево и Клепач.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од селото Канатларци, прилепско.

Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.