Сончево со студено утро
Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје изутрина ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и тивко.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
До сабота, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност.
По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која само понекаде ќе остане подолготрајна.
Од недела времето ќе биде променливо облачно и постудено, а на почетокот на следната недела наместа ќе има појава на повремен дожд, на највисоките планини услови за краткотраен снег.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп