Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 26 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне сончево, преку денот потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 32 степени.
До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови. Температурите ќе бидат во позначителен пораст.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски