-->
-->
Сојузот на извидници доби признание „Повелба на Република Македонија“
-->
Претседателот Ѓорге Иванов вечерва на Сојузот на извидници на Македонија му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“, по повод 65 години од неговото основање како самостојно здружение на граѓани за деца и млади, а особено за исклучителниот придонес за развојот на младите луѓе во Македонија преку промовирање на извидничките вредности и принципи.
На отворањето на Европската извидничка академија, претседателот Иванов истакна дека Сојузот на извидници на Македонија има значаен придонес во правилното воспитување и образование на илјадници млади луѓе во нашата татковина.
– Вистината никогаш немала толку непријатели како што има денес, во нашево време на лажни вести и војни на перцепции. Јавната пристојност стана исклучок наместо правило. Храброста и истрајноста станаа ретка и скапа работа. Отсуството на одговорност доведе до криза на довербата. Сево ова се коси со принципите врз кои се темели извидништвото, бидејќи извидникот зрачи со доверба, рече претседателот Иванов, кој е покровител на Европската извидничка академија 2018.
Оцени дека е потребно одново да го пронајдеме, како што рече, златниот баланс што ќе ни помогне да градиме доблесни, морални и одговорни личности. Личности кои со своите таленти, знаења и вештини ќе придонесуваат кон личната благосостојба, но и благосостојбата на целото општество.
Организираното извидништво во Република Македонија оваа година одбележува 65 години од официјалниот почеток.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро