Софијанова: Заспаниот имунолошки систем е веројатно причинител за инфекцијата кај гевгелиските деца
Според нашите сознанија, заспаниот имунолошки систем кај децата, кој сега по олабавувањето на ковид мерките ја покажува истата патологија што беше присутна во месеците февруари и март годинава, веројатно е причина за инфекција на дишните патишта кај децата во Гевгелија, изјави по посетата на гевгелиската Општа болница, д-р Аспазаија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.
Екипата од Скопје во Гевгелија кај децата направи брзи ПЦР тестови кои сите беа негативни, изврши увид во документацијата на сите дечиња кои изминатиов месец имале потешкотии во дишењето и земале дополнителни материјали кои ќе бидат доработени на Клиниката во Скопје.
– Лично по нашите искуства сметаме дека заспаниот имун систем кај децата доведе до она што беше нормална патологија во февруари и март да го гледаме сега не само овде, туку и во други градови во земјава, рече Софијанова.
Во гевгелиската болница сега се хопитализирани две деца, а 20 деца на возраст од две до пет години примаат терапија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани