Собранието ја утврди оправданоста четири-предлог закони да се донесат по скратена постапка
Собранието на денешната 122 седница ја утврди оправданоста на барањето на Владата четири-предлог закони да се донесат по скратена постапка. Согласно Деловникот, за нив прво треба да заседава матичната комисија и Законодавно-правната комисија, по што тие се враќаат на пленарна седница за разгледување.
Се работи за Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, Предлог-законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Кредитната банка за обнова („КFW“) по Договорот за кредит за Проектот за наводнување на јужниот регион на Вардар, Предлог-законoт за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза два и Предлог-законот за дополнување на Законот за водостопанство, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница се само овие четири закони по скратена постапка. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека нејзиното продолжение дополнително ќе биде закажано, откако ќе заврши комисиската расправа.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси