Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“
Се зголемија сомнежите за саботажа на оштетените гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, по истрагата на посоченото место во шведската ексклузивна економска зона, јавија дел од светските медиуми, повикувајќи се на државната полиција.
Шведските и данските власти ги истражуваат протекувањата од руските цевки на четири места, откриени минатата недела во ексклузивните економски зони на двете земји. „Имаше детонации близу Северен тек 1 и 2, внатре во шведската економска зона, резултатот е голема штета на гасоводите“, тврди шведската полиција.
Се наведува дека дел материјали се запленети од местото и ќе се анализираат. „Понатамошната истрага ќе покаже дали ќе може да се осомничи некого, а подоцна и да се гони кривично за ова злосторство“, се истакнува во соопштеното. Портпаролот на Кремљ денеска изјави дека не мисли оти истрагата може да биде објективна без учество на Русија, откако земјата не била повикана да учествува.
Данската полиција одби да ја коментира истрагата во данската ексклузивна економска зона.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024