Со едукативни проекти и работно охридската полиција ќе го одбележи 9 декември – Денот на превенцијата
Секторот за внатрешни работи – Охрид Денот на превенцијата 9 декември ќе го одбележи работно, како и со реализација на два едукативни проекти - „Мојот пријател полицаец“ и „Реонскиот полицаец Ве советува“.
Во рамките на одбележување на Денот на превенцијата полициски службеници денеска ќе ја посетат детската градинка „Росица“ каде во соработка со општинскиот Сектор за образование и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се спроведува проектот „Мојот пријател полицаец“. Во Централното основно училиште „Братство“ предвидено е едукативно предавање во врска со проектот „Реонскиот полицаец Ве советува“.
Целта на таквите активности е подигнување на свеста кај младите за поголема безбедност во заедницата, како и зголемување на нивната доверба кон полицијата како служба која служи и штити.
Според соопштението од СВР Охрид, превентивната функција е новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.
-Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминалот. Превентивното работење е обид за градење на партнерство со граѓаните во решавањето на локалните безбедносни проблеми и изнаоѓање на најдобри решенија со кои ќе се намали стапката на криминалитетот, ќе се спречат штетните последици по граѓаните и општеството а воедно ќе се подобри целокупната безбедносна состојба, стои во соопштението.
Во изминатиот период СВР Охрид има реализирано повеќе проекти на превентивен план што се спроведувале самостојно, но и во соработка со локалната самоуправа, школските и претшколски центри, Црвениот крст, невладините организации и други институции. Меѓу другите успешно се реализирани проектите за превенција од кражби на плажа, кражби од моторни возила и паричници, проекти против злоупотреба на дрога и други облици на зависности и деструктивни појави, зајакнување на капацитетот на полицијата и примена на концептот на работа со заедницата, проект за безбедни училишта“, проект за безбедност на вода спроведен со езерската полиција, Охридската капетанија и Црвениот крст, проект против злоупотребата на визната либерализација, проект „Мојот пријател полицаец“ реализиран со детските градинки, проект „Внимавајте на вашата безбедност“ реализиран со здружението на пензионери како и неколку проекти против насилството и малолетничката деликвенција.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција