-->
-->
Снегот и дождот предизвикаа дефекти на електро мрежата во повеќе села во општините Градско, Чашка и Велес
-->
Врнежите од снег и дожд што вчера попладне ја зафатија територијата на државата предизвикаа дефекти на електро мрежата во повеќе села во општините Градско, Чашка и Велес.
Според Центарот за управување со кризи - Велес, во Општина Чашка од вчера нема струја во селата Теово и Оморани, како и во неколку села од Општина Градско, поточно во селата Подлес, Горно и Долно Чичево и Крушевица.
Оттаму информираат дека екипи на ЕВН работеле за отстранување на дефектите на електро мрежата.
Воедно посочуваат дека по вчерашниот дефект повторно во електро мрежата биле вклучени жителите од селата Бузалково, Карабуништа, Раштани, Клуковец и Сливник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот