Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
Олеснување на бирократските процедури при аплицирање за државните средства и поголема поддршка на младите земјоделци бараат од потсекторската група за градинарство. Во спротивно, бројот на земјоделци и понатаму ќе се намалува, а младите нема да бидат мотивирани да останат на нивите, вели Драги Памуков претседател на потсекторската група. Програми и средства има, но младите многу тешко доаѓаат до нив, дел поради неинформираност, а дел поради долгите и сложени процедури, вели тој.
Клучната улога во тој процес според Памуков треба да ја има агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Смета дека советниците од агенцијата треба да бидат многу почесто на терен и активно да ги помагаат и подготвуваат земјоделците за аплицирање за средствата обезбедени од државата.
Со цел да се осигура долгорочен развој на земјоделството и да се поттикне младите да останат во овој важен сектор потребно е да се изготви нова стратегија која ќе биде прилагодена на потребите на земјоделците, вели претседателот на потсекторската група за градинарство. Оваа стратегија треба да биде развиена преку активна соработка со земјоделците на терен, како и со локалните заедници и стручни институции, за да се идентификуваат најдобрите решенија кои ќе ги мотивираат младите да останат и работат во земјоделството.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар