Снег го парализира сообраќајот во Австрија
Обилни снежни врнежи ги зафатија синоќа централните региони на Австрија, при што беше парализирано движењето на автомобилите на главните автопати, јавија австриски медиуми.
Стотици возачи заглавија во сообраќајниот метеж, претежно во покраината Долна Австрија. Голем број сопственици на автомобили поради топлото време и летните температури во март побрзаа да ги сментат зимските со летни гуми и сега станаа заложници на снежната бура.
За неколку часа беше прекинато движењето и на дел од патот меѓу Санкт Полтен и Виена.
Во едно од училиштата во градот Аланд брзата помош организира времен центар за преноќување на возачите на моторни превозни средства.
Невремето ги зафати и покраините Штаерска и Бургенланд, а во Виена врнеше снег помешан со дожд, кој засега не доведе до никакви проблеми во сообраќајот.
Метеоролозите предупредуваат дека не се очекува подобрување на ситуацијата во блиско време. Кон крајот на неделата во Долна Австрија и Штаерска температурите може да паднат и под нулата.
Ново на Сител
-
Тестовите се готови: Останатите лами во зоолошката градина немаат туберкулоза
-
Планинарот кој исчезна кај Велес е пронајден починат
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец