Тестовите се готови: Останатите лами во зоолошката градина немаат туберкулоза
Тестовите се готови – петте лами што останаа во Зоолошката градина во Скопје немаат туберкулоза. Информацијата за Сител ја потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Негативни се петте теста на болеста туберкулоза на лами во скопската Зоолошка градина, по угинување на две животни во одгледувалиштето на почетокот на овој месец“, велат од АХВ за Сител.
Вакви тестови беа направени, откако неодамна угинаа две лами во скопската зоолошка. Едната на 26. март, другата на четврти април. Обдукцијата за првата угината лама покажала дека имала туберкулоза 5 години. Стигнале резултатите и од обдукцијата за втората лама кои покажале дека и таа угинала од туберкулоза.
Во меѓувреме, остануваат на сила наредените биосигурносни мерки од страна на официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при спроведениот вонреден инспекциски надзор, по добиената пријава за угинување на животно во зоолошката.
„За следење на состојбата на животните и заштита на здравјето на посетителите, на животните лами од ова одгледувалиште, во наредниот период ќе се изврши ретестирање за болеста туберкулоза“, дополнуваат во одговорот од АХВ за Сител.
Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка. Првата лама угина на 26.03.2025 година, втората на 04.04.2025 година, а во моментов во ЗОО Скопје има пет лами.
За потсетување, вчера во ЗОО Скопје информираа дека починала и јагуарката Инес на 22 години.
Габриела Лескова
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство