Службите за безбедност на САД се подготвуваат за масовни протести на денот на инаугурацијата на Трамп
Гарантирањето на безбедноста на денот на стапувањето на должност на Доналд Трамп како претседател на САД може да се покаже како најсложената задача во современата историја, пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори, кои учествуваат во подготовката на церемонијата.
Над 30 државни агенции ќе бидат задолжени за безбедноста за време на инаугурацијата на 20 јануари, кога се очкува во Вашингтон да се соберат голем број противници, но и околу милион поддржувачи на Трамп.
Агенциите се загрижени поради опасноста од конфронтации меѓу групите Американци, кои се уште се длабоко поделени по изборите, во момент кога милиони луѓе во светот ќе го следат тоа што се случува во Вашингтон.
Над 3.200 полицајци од целата земја и околу осум илјади членови на Националната гарда ќе бидат распоредени за да помагаат во контролата на движењето на луѓе и превозни средства во градот.
Уште пет илјади војници ќе бидат ангажирани да пружат помош за гарантирање на безбедноста, додава весникот.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви