-->
-->
Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток
-->
Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, односно второстепениот суд ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење, дознава Алсат.
Судијата Ивица Стефановски кој го водеше случајот, во март годинава ја објави пресудата во Основниот кривичен суд Скопје, и наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.
Првостепеното судење за овој случај започна на 15 ноември 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес