Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина
Словачка синоќа потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин претходно оцени дека е „прифатливо“ таа да стане „платформа“ за дијалог.
„Ако некој сака да води мировни преговори во Словачка, ќе бидеме подготвени и ќе укажеме добредојде“, објави премиерот Роберт Фицо на Фејсбук.
Словачкото Министерство за надворешни работи посочи дека овој дијалог треба да се одвива „со учество на Русија“, за разлика од самитот што е закажан во Швајцарија за јуни 2025 година.
Рускиот претседател во четвртокот потврди дека Словачка, чија „неутрална позиција“ ја фали, понудила да биде еден вид „платформа“ за евентуални преговори.
„Изјавата на рускиот претседател ја сметаме за позитивен сигнал за што поскоро ставање крај на оваа војна, крвопролевање и уништување“, напиша на Фејсбук словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар.
Според Бланар, во октомври Братислава ги информирала „украинските партнери“ за нејзината достапност за мировни преговори. Инаку, Фицо ја прекина сета воена помош за Украина и го обвинува Киев дека го загрозува снабдувањето на неговата земја со руски гас.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила