Слики на Франсис Бејкон и Сај Туомбли продадени за над 71 милиони долари
Автопортрет на Франсис Бејкон и слика на Сај Туомбли беа продадени за повеќе од 71 милиони долари на аукцијата која беше организриана од „Сотби“ во Њујорк, јавува БТА.
Сликата на Бејкон, која не била дадена на аукција 46 години, беше продадена за 34,97 милиони долари. Диптихот „Две студии за автопортрет“ на Франсис Бејкон (1909-1992 г.) е исклучително дело, еден од трите автопортрети на Бејкон. Делото е создадено во 1977 година, во годините по смртта на неговиот љубовник Џорџ Даер, кога Бејкон се свртел кон портретирање на темната страна на својата психа.
Сликата на Туомбли „Без наслов“ достигна цена од 36,7 милиони долари. Делото од серијата „Црна табла“ претставува сини контури на сива позадина.
Создадено во 1961 година, делото било закупено директно од авторот и од тогаш го нема променото својот сопственик.
На аукцијата беа дадени уште 44 производи на модерната уметност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници