Следната недела се очекува финализирање на сите процедури за промена на раководството во М-НАВ
Надзорниот одбор на М-НАВ го прифатил предлогот на Владата за именување на Хекуран Асани и Милан Кораќ за директори во компанијата на местото на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Информацијата за МИА ја потврдија од М-НАВ.
Во понеделник се очекува Надзорниот одбор да одржи уште еден состанок на кој треба да се потпишат записниците од седницата по што одлуката заедно со документацијата ќе бидат испратени до Централниот регистар кој треба да ги впише Асани и Кораќ како нови директори. Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.
Разрешувањето на досегашните директори уследи по упадот во М-НАВ на 4 јануари. Обвинителството вчера соопшти дека се приведени и останатите тројца од вкупно осум лица осомничени за упадот во М-НАВ.
За упадот во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен