Следната година јавен повик за приватизација или ЈПП за ски центарот Попова Шапка
Во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација или за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за ски центарот Попова Шапка, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Уште пред кризата ние ја завршивме физибилити студијата и „дју дилиџнс“ за Попова Шапка и за сите туристички објекти кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс. На Владата на Косово и поудивме заеднички да настапуваме во однос на развојот на Попова Шапка и очекуваме од нивна страна да ни одговорат. Во спротивно ние сме подготвени и во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација на ски центарот Попова Шапка или, пак, преку јавно-приватно партнерство, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека хотелските објекти на Попова Шапка кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс, согласно физибилити студијата и дју дилиџнсот, главно ќе бидат понудени за директна приватизација.
Во одговор на прашање дали некој ќе поднесе одговорност за намалените водостои на реките во земјава, министерот за економија посочи дека веќе побарале анализа од ЕСМ.
– ЕСМ ја достави анализата до Влада и откако ќе ги разглдаме сите податоци и ќе се направи соодветна анализа од надлежните институции ќе ја информираме јавноста и ќе одредиме дополнителни задачи на ЕСМ, рече Бектеши.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети