Македонија
8. јуни 2022 - 9:20

Слави Трифунов: Северномакедонците со омразата кон нас, се палат самите себеси

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифунов објави статус на Фејсбук откако беше уапсен Ламбе Алабаковски, кој е осомничен за палење на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Трифунов испрати остри критики преку социјалните мрежи и кажа дека со вакви потези ѝ се штети на Македонија.

„Стана јасно кој е пироманот кој го запали бугарскиот културен центар. Стнаува збор за 34-годишен пејач Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото, а корисниците на социјални мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат слики со пораки: И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот. Сега, од сета оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни ќе извлечат сериозна лекција. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас, се палите самите себе“