Учениците со посебни потреби добија асистенти
По изминати две недели дома, конечно започна учебната година и за Никола Мијалков, дете со посебни потреби во штипското ОУ„ Ванчо Прќе“. Неговата поранешна асистентка го потпиша договорот и започна со работа. Таткото на Никола вели дека сега детето ќе може полесно да ја следи наставата, но и да не им пречи на останатите ученици во класот.
-Нашите деца се навикнати со асистенти и имааѕ потреба од нив. Значи, овие асистенти се децата да на било кој начин не им ја нарушат наставата на другите ученици, затоа што знаат да бидат хиперактивни. Доколку не може да седи не одреден час, тогаш го носат на логопед, дефектолог или во сензорна соба за да не им смета на другите дечиња. Целата работа е организирана така што детето со посебни потреби да има социјализација, но да понекогаш да не им преќи на останатите, изјави Зоран Мијалков, татко на дете со аутизам
Мијалков ја поддржа иницијативата на МОН од идната учебна година да има асистенти и за децата со посебни потреби во средните училишта, меѓутоа истите да имаат вистинска подготовка и обука.
-Родители, кои нивни се децата, па не можат до крај да одговорат на некои од барањата на сопствените деца, така што илузорно е да се зборува дека со 2 недели некаква си обука, некој ќе биде подготвен за овие деца, додаде Мијалков
За решавање на проблемот од ФОН при штипскиот Универзитет излегоа со конкретен предлог за студентите кои студираат предучилишна и одделенска настава.
-Дел од нив, кои би сакале да работат со деца со посебни потреби, да има и посебни програми преку кои тие ќе се оспособат во 4 години како да работат со овие деца во градинките и основните училишта, а и да имаат практична настава со деца со посебни потреби, изјави Мијалков
Ова според Мијалков е од суштинско значење, зашто од година во година расте бројот на деца со посебни потреби во предшколските установи.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар