СКТМ: Ќе се затворат 800 туристички агенции и туроператори ако бидат изземени од мерката „ваучери за домашен туризам“
Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) ја поздравува владината мерка „Ваучер за домашен туризам“, но искажува загриженост ако од нејзината реализација бидат изземени туристичките агенции, односно ако мерката директно се спроведе со сместувачките капапацитети.
На овој начин, оценува Комората, Владата придонесува да се затворат 800 туристички агенции и туроператори кои се подготвени за аранжманите за 2020 година.
-Го повикуваме министерот за економија Крешник Бектеши за преиспитување на ваквата одлука. По повод владината мерка „Ваучер за домашен туризам“ предложена од страна на Владата во третиот сет мерки која се однесува на поддршка во туризмот, искажуваме поздравување за издавање над 90.000 ваучери во вредност од 585.000.000 денари, но ја споделуваме и нашата крајна загриженост доколку од реализацијата на оваа мерка се изземени туристичките агенции како организатори на патувања и директно се реализира со сместувачките капапацитети, наведува СКТМ.
Ново на Сител
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците