-->
-->
Скопско село 5 дена оставено без електрична енергија
-->
Скопското село Алдинци и викенд населбите на Китка цели пет дена нема електрична енергија. Селото се наоѓа во планината и на повисока надморска височина. Граѓаните се жалат дека храната им се расипува, а не се во можност секој ден да се симнат од селото за да пазарат за еден ден.
Од ЕВН уверуваат дека работат на санирање на проблемот. Станува збор за дефект на далновод. Екипите на ЕВН се на терен, но поради тешко пристапниот терен и паднатите дрва компанијата е принудена да бара помош и од Армијата, но и Македонски шуми за санирање на проблемот и враќање на напојувањето со електрична енергија.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа