Македонија
29. November 2023 - 12:36

Скопје под безбедносни мерки за Самитот на ОБСЕ

Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува.

Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Македонија, а по серијата перипетии извесно е дека нов претседавач ќе биде Малта. 

Од утрово Скопје функционира под посебни безбедносни мерки. Иако се најавуваа проблеми во сообраќајот, утрово булеварите беа речиси празни.