Македонија
26. March 2021 - 15:57

Скопјанец три години затајувал данок

Скопјанец заработи кривична затоа што цели три години затајувал данок.

- СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Н(48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено крвично дело „даночно затајување“. Пријавениот во 2016, 2017 и 2018 година, во вкупно 59 наврати реализирал приливи на девизни парични средства од повеќе физички лица од странство, по пат на користење на услуги за брз трансфер на пари, соопшти МВР.

Пријавениот, со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок, не ги пријавил како друг доход, со што го оштетил буџетот на Република Македонија, а бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход.