Свет
13. January 2025 - 14:42

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Издадено е предупредување за цунами со максимална висина од еден метар за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти Агенцијата.

Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а како што наведува јапонската агенција, не се потврдени неправилности во работењето на нуклеарната централа во префектурата Ехиме.