Скопјанец пробал со фалсификувана лична карта да полага возачки испит
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера ги лишиле од слобода С.Ј. (35) од село Брест и Б.Х. (42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, соопшти МВР.
– Имено, според пријава, во 15.30 часот од член на комисија за полагање на возачки испит во испитен центар на подрачјето на Гази Баба, при проверка на лична карта приложена од кандидат за полагање на возачки испит било утврдено дека таа била фалсификувана, односно била на име А.Ј., со податоци на С.Ј., а фотографијата била на Б.Х, информираат од МВР.
– При извршениот службен разговор, еден од осомничените изјавил дека фалсификуваната лична карта им ја изработило лице од подрачјето на Бит Пазар за сума од 100 евра. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба