Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 24 ноември минатата година го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје. Од автомобилот одзел лаптоп и други предмети во вкупна вредност од 62.200 денари.
-Поради опасност од бегство, а особено имајќи го предвид фактот дека обвинетиот претходно повеќепати е осудуван за голем број кривични дела од имотен карактер, надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи определената мерка притвор, соопшти службата за односи со јавност на Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024