СЈО со жалба против решението на Кривичниот суд
Специјалното јавно обвинителство денеска достави жалба по повеќе основи против решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое е одбиено барањето за копии на списи и електронски докази.
- Во жалбата укажуваме дека со обжаленото решение првенствено е направена суштествена повреда на одредбите на ЗКП во смисла што решението надвор од главната расправа го донел судечкиот совет, наместо да го донесе совет од тројца судии, согласно членот 25, став 5 од ЗКП, се вели во соопштението од СЈО.
Во соопштението се наведува дека од СЈО се побарани и докази кои воопшто не се класифицирани, како и докази кои се декласифицирани. - И овие докази Судот не ни ги доставил, туку во целост го одбил нашето барање, повикувајќи се на обврската за чување класифицирани информации, иако таква обврска за овие докази очигледно не постои, велат од СЈО.
Во жалбата, СЈО се повикува и на законските и подзаконските акти кои ја регулираат материјата за класифицираните информации и тоа Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, каде меѓу другото е предвидена можноста за репродукција и пренос на класифицираните информации за корисниците на класифицирани информации (јавните обвинители во ова Јавно обвинителство кои поседуваат безбедносни сертификати со степен на доверливост Државна тајна), кои прописи доколку Судот ги примени, според СЈО, во никој случај нема да ја повреди обврската за чување на класифицирани информации.
Ново на Сител
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
-
Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева
-
Зијадин Села повторно впишан како претседател на партијата Алијанса на Албанците