Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
Од скопско Сопиште започнува приказната на 17 годишниот Кристијан Митревски, ученик во Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
Љубовта кон македонската култура, фолклор и традиција со себе ја носи уште од мали нозе, кога за прв пат ја спознава својата музичка и креативна страна. Низ богатиот свет на македонската култура и ризница започнува да чекори заедно со својата баба која како вљубеник во македонскиот фолклор го внесува во светот на македонската традиција.
Тој своите соученички ги подготви во традиционални празнични носии, од етничкиот предел на скопска блатија. Карактеристично за овие носии е тоа дел од парчињата кои ги сочинуваат потекнуваат од крајот на 19ти и почетокот на 20ти век. Направени од традиционални материјали од волна и конец, со метален и мунистрен накит, овие носии биле белег на регионот во кој денеска сè помалку се негува овој традиционален стил на облека.
Над 70 комплети носии од различни делови на етничка Македонија, кои сведочат за културата и обичаите на различните региони на државата. Па така, и самиот процесот на изработка ги следи различните локални стилови на домашна изработка. Како дел од фолклорните настапи посетиле многу градови во државата, каде на сцената пред љубителите на традиционалната музика и облека ги преставуваат различните традиции од сите предели на државата. Во потрагата по нови парчиња во својата колекција, тој редовно ги посетува селата и подзаборавените краишта на Македонија, каде од локалните жители успева да добие комплети носии за во својата колекција, со цел да се продолжи приказната за македонската култура и обичаи.
Младите соученички од училиштето, за „Ја сакам Македонија“ ја изведоа песната која ја истражил самиот Кристијан Митревски, а потекнува од пределот на скопска блатија, изведбата „Каде се чуло видело“ како дел од репертоарот во рамки на сценската адаптација на Гумно, поставам која се изведувала во околните села во Каршијак се зборува за младата девојка која била продадена за татковите борчови.
Никола Станков
Ново на Сител
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини