Сириската опозиција нема да учествува на преговорите во Астана
Претставниците на сириската опозиција нема да присуствуваат на новите преговори со претставниците на сириската Влада во Астана, изјави денеска портпаролот на делегацијата на опозицијата Осама Абу Зеид.
- Бунтовничките групи одлучија да не учествуваат на состанокот во Астана, нагласи Зеид, објаснувајќи дека одлуката за бојкот е донесена поради неисполнетите ветувања за прекин на огнот.
Претходно денеска, казахстанскиот министер за надворешни работи Каират Абдрахманов изјави дека земјите гаранти на примирјето во Сирија - Русија, Иран и Турција, мораат да обезбедат учество на сириската Влада и на вооружената опозиција на наредниот состанок во Астана.
Како што јави ТАСС, следниот меѓународен состанок во Астана е закажан за на 14 и 15 март,.
- Очекуваме дека ОН, САД и Јордан ќе достават конечни информации за своите претставници. Што се однесува на сириската Влада и вооружената опозиција, земјите гаранти треба да го обезбедат нивното учество, истакна Абдрахманов по обраќањето во казахстанскиот Парламент.
Тој наведе дека, по барање на земјите гаранти, специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура и претставниците на ОН и Јордан се повикани да учествуваат на состанакот, а сите прашања поврзани за организација на следниот состанок во Астана се решени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје