-->
-->
Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај
-->
Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во утрешното машко финале на Мастерс турнирот во кинескиот град Шангај.
Прворангираниот тенисер на АТП листата Синер во денешното полуфинале го совлада Чехот Томаш Махач (33. АТП) со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), за еден час и 44 минути игра.
Во второто полуфинале, четврторангираниот на АТП листата Ѓоковиќ со идентични 2-0 (6-4, 7-6) го совлада Американецот Тејлор Фриц (7. АТП). Дуелот траеше еден час и 55 минути.
Утрешното финале ќе биде осми дуел меѓу Синер и Ѓоковиќ, а српскиот тенисер води во меѓусебните пресметки со 4-3. Турнирот во Шангај од серијата Мастерс 1000 се игра за награден фонд од девет милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена уште една жртва од поплавите во БиХ, бројот на загинати се искачи на 24
-
Четири возила опожарени во Чаир
-
Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај
-
Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи
-
Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник
-
Унгарското претседателство: Одобрени агендите на земјите од Западен Балкан вредни 6 милјиарди евра
-
Отворена нова канцеларија на управните служби на МВР во Сарај